Лацио со нов тренер – на списокот Станковиќ, Михајловиќ, Сари, Консеисао…

Лацио со нов тренер – на списокот Станковиќ, Михајловиќ, Сари, Консеисао…

пред 3 години

Страшна тренерска „вртелешка“ во Серија А по завршувањето на сезонава.

Алегри го замени Пирло во Јувентус, Симоне Инзаги, пак, ја зазема позицијата на Конте во Интер, а Џенаро Гатузо си отиде од Неапол (Спалети доаѓа на негово место) и следната сезона ќе биде кормилар на Фиорентина.

Пред еден месец Мурињо го назначија за тренер на Рома, само позицијата на Стефано Пиоли во Милан останува безбедна (засега).

Затоа, пак, почнува лицитацијата за испразнетото тренерско столче во Лацио.

Најголема желба на навивачите на „небесносините“ им е Маурицио Сари, но влијателната „Gazeta“ пишува дека меѓу кандидатите се наметнуваат двајца Срби – Синиша Михајловиќ од Болоња и Дејан Станковиќ од Црвена Звезда. Се споменува и името на тренерот на Порто, поранешниот член на Лацио, Сержо Консеисао.

Тука не завршува списокот со кандидати. Од позадина чекаат Андре Виљаш Боаш, Рафа Бенитез и Нуно Еспирито Санто.

Share
Scroll to Top