Ла Лига ќе опстане и без Лионел Меси

пред 3 години

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, рекол дека е подготвен за заминувањето на Лионел Меси од шпанскиот фудбал. Аргентинецот, во летниот преоден рок, побара дозвола од Барселона да го напушти клубот. На крајот тој сепак остана во Барселона, бидејќи никој не можеше да ја активира откупната клаузула од 700.000.000 евра. „Би сакале да остане Меси, но од Ла Лига си заминаа и Роналдо и Нејмар и не почувствувавме некаква разлика. Подготвени сме“, рекол Тебас. Меси, по завршувањето на сезоната, ќе може како слободен играч да замине од Барселона. Медиумите шпекулираат дека тој кариерата ќе ја продолжи во Манчестер сити. „Се чини дека тоа е единствениот клуб од Премиер лигата кој може да го донесе Меси, а тој клуб не ги почитува правилата. Ова не го велам само јас. Нив не ги погоди оваа пандемија бидејќи финансиски работат поинаку од останатите, невозможно е да им парирате“, заклучил Тебас.

Share
Scroll to Top