Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс е жесток критичар на Доналд Трамп и често зборува за расната нееднаквост, посебно по смртта на афро-Американецот, Џорџ Флојд.
„Живееме во две Америки“, истакна ѕвездата на Лејкерси коментирајќи ги сцените од Вашингтон, од Капитол Хил каде по упадот на демонстрантите петмина го загубија животот, а 52 лица беа уапсени.
„Ова што се случи во средата е сјаен пример. Сите знаеме што би се случило доколку некој од моите се приближеше до Капитол, а камо ли да влезе внатре, во ходникот. Се ова што се случи е директно поврзано со Трамп, со неговите постапки, со уверувањата и желбите. Гледавме твотови на целиот пат до ова уништување“ додаде Џејмс.