Левандовски во фото-финишот го покори Леверкузен

Левандовски во фото-финишот го покори Леверкузен

пред 3 години

Баерн Минхен повторно се лидери во Бундес лигата, откако во дербито славеа во Леверкузен со 2:1. Баерн има два бода предност во однос на Леверкузен и Лајпциг. Поразот од Баерн е прв за Леверкузен оваа сезона во Бундес лигата.

Фудбалерите на Баерн успеаја да дојдат до победата во последните секунди од натпреварот, Левандовски ја искористи лошата реакција во одбраната на Леверкузен.

Претходно, домашниот тим водеше со спектакуларниот гол на Шик во 14.минута. На истиот фудбалер во 28.минута поради офсајд ВАР му поништи гол.

Баерн израмни во 43.минута со првиот гол на Левендовски на овој натпревар.

Во Бундес лигата следува пауза поради Божикните празници, наредниот натпревар Баерн ќе го одигра на 2.јануари притив Мајнц, додека истиот ден Леверкузен ќе гостува кај Ајнтрахт.

Share
Scroll to Top