Левандовски за нов договор со Баерн: Ќе почекаме да видиме што носи иднината

Левандовски за нов договор со Баерн: Ќе почекаме да видиме што носи иднината

пред 3 години

Роберт Левандовски не е сигурен дали својата кариера ќе ја заврши како фудбалер на Баерн Минхен, велејќи дека има време да се размислува за иднината бидејќи има договор со европскиот шампион до 2023 година.

Полјакот е најдобриот напаѓач на светот во моментов со фантастични резултати од сезоната 2019/20 – 55 гола во 47 меча во сите натпреварувања, помагајќи Баерн да ја освои тројна титула, и иако „Златната топка“ му избега откако организаторите ја откажаа церемонијата оваа година, тој е прв фаворит за наградата ФИФА Бест.

Оваа сезона тој има 13 гола (вклучувајќи два хет-трика) во 10 меча од Бундеслигата и Лигата на шампионите.

„Имам договор до 2023 и во ниту еден момент не размислувам што ќе се случи потоа. Уште две и пол години од договорот и многу време за играње. Ако ја погледнете минатата сезона ќе видите дека имавме неверојатна сезона и ги освоивме сите трофеи, затоа повеќе сакам да се фокусирам на фудбалот“, вели 32-годишниот Полјак.

Share
Scroll to Top