Левандовски израмни рекорд стар 49 години, Шалке го шокираше Ајнтрахт

Левандовски израмни рекорд стар 49 години, Шалке го шокираше Ајнтрахт

пред 4 години

Киксот на Ајнтрахт и невеојатниот Роберт Левендовски ги обележаа натпреварите од претпоследното коло во Бундеслигата.

Старо-новиот шампион Баерн, одигра 2:2 во Фрајбург. Левандовски во 26.минута го постигна 40 гол оваа сезона и го израмни рекордот на герд Милер стар 49 години.

„Засекогаш Герд“, пишуваше на маичката што ја носеше Левандовски под дресот.

Ајнтрахт доживеа шокатнет пораз во Гелзенкирхен од најлошиот тим во лигата, Шалке. Шалке, во 33.коло ја забележаа третата победа во сезоната. Домаќините славеа со 4:3.

Хунтелар постигна гол за водство на Шалке, потоа пресврт направија Андре Силва и Ндика. Потоа следуваше период од 12 минути во кои Шалке го торпедираше Ајнтрахт. Од 52. до 64.минута Идриси, Флик и Хопе го однесоа Шалке на 4.2. До крајот Андре Силва само успеа да го намали резултатот.

Аугсбург во директниот дуле, во борбата за опстанок, славеше победа над Вердер 2:0. Аугсбург сега има поен повеќе од Вердер, кој веројатно ќе мора да игра бараж за опстанок против третопкасираниот клуб во Втората лига.

Share
Scroll to Top