Левандовски ја предводи листата на 100 најдобри фудбалери во светот

Левандовски ја предводи листата на 100 најдобри фудбалери во светот

пред 3 години

Роберт Левандовски, минатата недела од страна на ФИФА, беше прогласен за најдобар фудбалер во светот, во 2020 година. Полјакот, доби уште едно признание, тој е пред конкурентите и во традиционалниот избор на 100 најдобри во светот на фудбалот, на „Гардијан“.

Кога се во прашање првите три позиции „Гардијан“ и ФИФА, не се „согласуваат“ околу второто место. Во изборот на ФИФА втор беше Кристијано Роналдо, а кај „Гардијан“ зад Левандовски е Лионел Меси.

Според „Гардијан“ зад Левендовски, Меси и Роналдо се наоѓаат Кевин Де Брујне, Садио Мане, Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе, Мохамед Салах, Нејмар и Вирџил ван Дајк.

Овде може да ја погледнете комплетната листа на 100 најдобри играчи во светот.

Share
Scroll to Top