„Лев оди си, сите ни се смеат“

„Лев оди си, сите ни се смеат“

пред 4 години

Германската јавност се уште е во шок и го анализира поразот од Македонија (1:2), во квалификациите за пласман на Светското првенство. Главен виновник за поразот, според медиумите е селекторот Јоаким Лев, од кого бараат да поднесе оставка.

Лев со Германија, нема успеа да направи забележителен резултат уште од 2014 година, кога во Бразил ја освои светската титула. На последното СП во Русија, Германија како бранител на титулата не успеа да ја освои титулата.

Селекторот на Германија, најави повлекување од функцијата по завршувањето на Европското првенство. Ако се прашуваат медиумите тој веднаш треба да си поднесе оставка.

„Пораз од 65.репрезентација во светот. Да беше тренер во клуб, Лев веќе ќе беше без работа. Доколку Лев самиот не може да разбере што се случува, сојузот мора да итно да реагира“, пишува „Билд“.

Поразот од Македонија е прв за Германија, во мундијалски квалификации по пауза од 20 години.

„Готово е Јоги. Доста беше. Ова е трет историски дебакл за кој е заслужен Јоаким Лев, откако многу години беше успешен на селекторската позиција. Најпрвин испадна од групата на СП во Русија, а потоа доживеа пораз од Шпанија 6:0, што е најтешкиот пораз на Германија уште од 1931 година. А сега ни се случи ова. Пораз од 65.репрезентација во светот. Ни се смее целиот свет. Лев мора да си замине. Достапни се Ралф Рагник и тренерот на У-21 репрезентацијата Стефан Кунц“, пишува за „Билд“, новинарот Матиајс Бургелман.

Share
Scroll to Top