Лев потврди – Тер Штеген ќе брани против Македонија

Лев потврди – Тер Штеген ќе брани против Македонија

пред 3 години

Германскиот селектор, Јоаким Лев, ја одржа задолжителната прес конференција пред дуелот со Македонија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар.

Мундијалската кампања, Германците ја започнаа со две победи, против Исланд (3:0) и Романија во Букурешт (1:0).

На овие два натпревари, Лев, започнуваше со истите 11, што значи дека против Македонија ќе има некои промени во составот. Германскиот селектор не открива какви промени ќе направи во составот, потврди само дека на голот ќе застане Марк АНдре тер Штеген, на местото на капитенот Мануел Нојер.

„Германија нема да се опушти. Македонија е незгоден противник, ќе треба да се потрудиме да ги освоиме бодовите“, рекол Лев.

Натпреварот утре ќе се игра во Дуизбург.

Share
Scroll to Top