Лекип: Третиот гол на Аргентина требаше да биде поништен

Лекип: Третиот гол на Аргентина требаше да биде поништен

пред 1 година

Фудбалскиот свет се уште е под импресии од финалниот меч на Светското првенство во Катар. Аргентина ја освои титулата, откако го доби трилерот и пенал-рулетот против Франција.

По 90 минути на „Лусаил“ стадионот беше 2:2, по 120 минути 3:3, пеналите Аргентина го доби со 4:2. Мартинез го одбрани ударот на Коман, а Чуманеи не успеа да го погоди голот. На крајот четвртиот пенал за Аргентина го реализираше Монтиел.

„Лекип“, објави дека третиот гол на Аргентина не е регуларен. Ова тврдење го поткрепи со снимка, на која јасно се гледа дека пред топката по ударот на Меси да ја мине гол-линијата, двајца резервни играчи на Аргентина се внатре во теренот.

Целата акција ја следеа во еуфорија и втрчаа во поле пред топката да ја помине линијата. Правилата на фудбалската игра се јасни, секој тим на теренот треба да има 11 фудбалери, што значи дека во теорија судијата Шимон Марчинијак требаше да ја прекине играта, односно да го поништи голот.

Но, тоа веројатно би било премногу сурова одлука во овој случај.

Share
Scroll to Top