За разлика од многу фудбалери кои паузата ја користат за одмор во „потоплите краишта“, Карим Адејеми, дваесет и двегодишната ѕвезда на Борусија Дортмунд се наоѓа во родната земја на својот татко каде ја продолжува својата хуманитарна работа.
Адејеми е роден во Германија, а првпат ја посетил родната земја на својот татко кога имал 10 години.
Од 17-годишна возраст се занимава со хуманитарна работа со цел да им помогне на децата во Нигерија.
Во октомври, приказната го обиколи светот дека Адејеми и Вилфрид Ндиди донирале две станбени згради во Лагос.
Во две згради има соби со вкупно 96 кревети за млади фудбалери кои сега имаат струја 24 часа, што во Нигерија е вистинска реткост. Сите соби се климатизирани, има и соблекувални, а зградите се во близина на новоизградениот стадион.
Неговата фондација им обезбеди студентски стипендии на стотици нигериски деца, а деновиве Адејеми отиде чекор понатаму.
Со него во Нигерија пристигнаа и претставници на Борусија Дортмунд бидејќи германскиот клуб е решен да учествува во бројни хуманитарни акции.
Со заедничка акција фондацијата на Адејеми и Борусија Дортмунд им вода за пиење за 20.000 луѓе.