Леман ги покажа ракавиците со кои Арсенал стигнаа до непобедливата сезона

Леман ги покажа ракавиците со кои Арсенал стигнаа до непобедливата сезона

пред 3 години

Поранешниот германски голман Јенс Леман сподели интересна фотографија за фановите на Арсенал, покажувајќи ги ракавиците од сезоната 2004 година, кога „топчиите“ предводени од Арсен Венгер ја освоија титулата без да загубат натпревар, рекорд кој само еднаш е поставен во Премиер лигата.

Следната сезона, Арсенал ја продолжи низата на 49 меча без пораз, пред контроверзниот 2:0 пораз на гости кај Манчестер јунајтед да ја стопира серијата. Во тој период, Леман одигра дури 47 меча.

„Ги носев овие ракавици 48 меча во низа со Арсенал во Премиер лигата. Можете ли да погодите која беше годината“, напиша Леман.

Во оваа низа, Леман дури 19 пати успеа да не прими гол, а „топчиите“ вкупно примија 26 гола во сезоната 2003/04. 48-миот меч во кој ги носеше ракавиците беше поразот од Јунајтед.

Share
Scroll to Top