Лео почна да дава голови, малиот Матео слави!

Лео почна да дава голови, малиот Матео слави!

пред 3 години

Лионел Меси беше критикуван поради отсуството на голови на почетокот на новата сезона во Ла лига, но полека работите си дојдоа на своето место и Аргентинецот одговори со втор меч во кој постигнува два гола, овојпат при 4:0 победата над Гранада.

Сопругата на Меси, Антонела Рокуцо, на Инстаграм сподели фантастично видео, во кое нивниот петгодишен (среден) син, Матео го слави фантастичниот гол на неговиот татко од слободен удар. Во позадина се слуша неговиот најмал брат, Чиро, кој има само две години.

Share
Scroll to Top