ЛЕ: Милан победи во Глазгов, рутина за Тотенхем и Лестер

ЛЕ: Милан победи во Глазгов, рутина за Тотенхем и Лестер

пред 4 години

Дуелот на двата поранешни европски шампиони, Селтик и Милан, заврши со нова победа на „росонерите“ (1:3) на отварањето на Лига Европа, англиските клубови Тотенхем и Лестер забележаа рутински победи, додека балканските тимови немаа многу среќа – Црвена звезда загуби кај Хофенхајм (2:0), Динамо Загреб со многу среќа одигра 0:0 со Феенорд, додека Лудогорец загуби дома од Анверпен.

На „Селтик парк“, Милан дојде во водство уште во 14-тата минута со првиот гол на Раде Круниќ во дресот на „росонерите“, а Брахим Дијаз во 42. минута зголеми на 0:2. Шкотскиот шампион го направи мечот интересен со голот на Мохамед Ел Јунуси во 75. минута од мечот, но неговиот норвешки сонародник Јенс Хауге во 92. минута ја потврди победата на тимот на Стефано Пиоли.

Тотенхем со 3:0 лесно го совлада ЛАСК Линц со головите на Лукас Моура и Сон Хеунг-Мин, а и Лестер имаше лесна победа, од 3:0 над украинскиот клуб Зорја.  Црвена звезда постигна гол кој беше поништен поради офсајд, пред Баумгартнер да им донесе 2:0 победа на Хофенхајм. Во Загреб пак, Динамо и покрај досудениот пенал за Феенорд изддржа за 0:0 реми.

ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО

ГРУПА Г

Брага – АЕК 3:0

Лестер – Зорја Луханск 3:0

ГРУПА Х

Селтик – Милан 1:3

Спарта Прага – Лил 1:4

ГРУПА И

Макаби Тел Авив – Карабаг 1:0

Вилјареал – Сиваспор 5:3

ГРУПА Ј

Лудогорец – Антверпен 1:2

Тотенхем – ЛАСК Линц 3:0

ГРУПА К

Динамо Загреб – Феенорд 0:0

Волфсбергер – ЦСКА Москва 1:1

ГРУПА Л

Хофенхајм – Црвена звезда 2:0

Слован Либерец – Гент 1:0

СЕЛТИК – МИЛАН

ЛЕСТЕР – ЗОРЈА

ТОТЕНХЕМ – ЛАСК

ВИЛЈАРЕАЛ – СИВАСПОР

Share
Scroll to Top