40.000 евра казна за Левски од УЕФА за скандалозното однесување на навивачите во Скопје

40.000 евра казна за Левски од УЕФА за скандалозното однесување на навивачите во Скопје

пред 9 месеци

Бугарскиот Левски е казнет со 40.000 евра од УЕФА за дискриминаторско однесување, вклучително и етнички скандирања и политички слогани, како и за инцидентите  во гостинскиот сектор на првиот натпревар од 2. квалификациско коло од Конференциската лига против Шкупи во Скопје.

Информацијата за казната ја сподели клубот.

Покрај паричната казна, Левски доби и забрана да продава билети на своите симпатизери за следното гостување на тимот во европските клупски натпреварувања. Од УЕФА најавија и дека во случај на нов прекршок на следниот домашен натпревар на тимот на меѓународната сцена, стадионот на Левски ќе биде затворен за навивачи.

Токму поради сето тоа, од Левски повикаа на фер и коректно однесување на неговите навивачи на престојниот дуел со Шкупи кој се игра во четврток во Софија на „Герена“.

„Повторно апелираме до сите навивачи да го поддржат тимот на реваншот против Шкупи во Софија на 3. август без никакви акти на агресија, насилство, расизам, дискриминација, ксенофобија и политички слогани, бидејќи тие може да донесат дополнителни тешки казни од УЕФА за саканиот наш клуб“ – се вели во соопштението на ФК Левски Софија.

Share
Scroll to Top