Тоти: Попрво ќе умрев, отколку да заминам од Рома, но не сакав да сум „маскота“

Тоти: Попрво ќе умрев, отколку да заминам од Рома, но не сакав да сум „маскота“

пред 11 месеци

Франческо Тоти вели дека попрво ќе „умрел“ пред да објави дека си заминува од својата Рома, но објаснува дека било невозможно да остане како „маскота“ која нема право на мислење.

Тоти ја помина целата своја кариера во Рома, почнувајќи од академијата на клубот, за да стане капитен, најдобар стрелец и човек со најмногу настапи за „волчицата“. Кога се повлече, логично беше да биде во бордот на клубот, но тој издржа две години, прд во 2019 да замине.

„Не беше лесно да си заминам тогаш, но размислував повеќе месеци. Немав кредибилитет, не бев дел од проектот, туку бев само маскота. Тоа не беше доволно и кога сфатив дека пречам и дека не можам да си го кажам моето мислење, време беше да си заминам. Попрво ќе умрев пред да објавам дека си дам од Рома. Мислев дека никогаш нема да заминам од ова место по моја волја, бидејќи ова е моето семејство“, вели Тоти.

Тоти си замина поради конфликтот со тогашниот сопственик на клубот, Џејмс Палота, но во последните месеци постоеја шпекулации дека новите газди, семејството Фридкин и тренерот Жозе Мурињо сакаат да му обезбедат позиција во клубот.

Share
Scroll to Top