ЛЕ: Милан со возбудлив камбек триумф, Звезда и Динамо ќе „презимат“ во Европа

пред 3 години

Милан губеше со 0:2 по само 14 минути на „Сан Сиро“, но успеа да се врати за 4:2 победа над Селтик со која си осигураа пласман во нокаут-фазата од Лига Европа, каде што сигурно се пласирани и Динамо Загреб по импресивната 0:2 победа на гости кај Феенорд и Црвена звезда по 0:0 ремито со Хофенхајм дома. Двете катастрофални грешки на одбраната и на голманот Џиџи Донарума придонесоа „росонерите“ да губат со 0:2 на самиот старт на мечот, но „росонерите“ одговорија со два гола во две минути преку Хакан Чалханоглу и Саму Кастилехо во првото полувреме, пред Јенс Хауге и Брахим Дијаз да ја обезбедат победата. Со победата „росонерите“ се пласираа во нокаут-фазата, бидејќи Лил направи пресврт и со 2:1 ги победи Спарта Прага, каде што следно гостува гигантот од Милано. Динамо Загреб со импресивни 2:0 победи на „Де Кујп“ во Ротердам за да осигура дека ќе заврши на првото место во групата К пред Волфсбергер, Феенорд и ЦСКА Москва. На Звезда пак и 0:0 и беше доволно да го осигура пласманот зад Хофенхајм во групата Л. Највозбудливо беше во Австрија, каде што ЛАСК Линц во 92. минута обезбеди 3:3 реми со Тотенхем. ЛИГА ЕВРОПА, 5.КОЛО ГРУПА Г АЕК – Брага 2:4 Зорја Луханск – Лестер 1:0 Табела: 1. Лестер 10, 2. Брага 10, 3.Зорја 6, 4.АЕК 3 ГРУПА Х Милан – Селтик 4:2 Лил – Спарта Прага 2:1 Табела : 1. Лил 11, 2. Милан 10, 3.Спарта 6, 4.Селтик 1 ГРУПА И Карабаг – Макаби Тел Авив 1:1 Сиваспор – Вилјареал 0:1 Табела : 1. Вилјареал 13, 2.Макаби ТА 8, 3.Сиваспор 6, 4.Карабаг 1 ГРУПА Ј Антверпен – Лудогорец 3:1 ЛАСК Линц – Тотенхем 3:3 Табела : 1. Антверпен 12, 2. Тотенхем 10, 3.ЛАСК 7, 4.Лудогорец 0 ГРУПА К ЦСКА Москва – Волфсбергер 0:1 Феенорд – Динамо Загреб 0:2 Табела : 1. Динамо З 11, 2.Волфсбергер 7, 2.Феенорд 5, 4.ЦСКА М. 3 ГРУПА Л Црвена звезда – Хофенхајм 0:0 Гент – Слован Либерец 1:2 Табела : 1. Хофенхајм 13, 2. Црвена звезда 10, 3.Либерец 6, 4.Гент 0 МИЛАН – СЕЛТИК ЗОРЈА – ЛЕСТЕР  ЛАСК ЛИНЦ – ТОТЕНХЕМ

Share
Scroll to Top