Манчестер јунајтед, Арсенал, Вилјареал и Рома ја заддржаа предноста од првите мечеви и влегоа во полуфиналето на Лига Европа, каде што ќе има два интересни дуели и можност за англиско финале.
Арсенал, откако дома одигра разочарувачки 1:1 со Славија Прага, во „блиц“ од шест минути стигна до 0:3 предност во првото полувреме за да го елиминира чешкиот клуб со вкупни 0:4 и да обезбеди пресметка со Вилјареал, кои пак со 2:1 го победија Динамо Загреб и го потврдија триумфот од првото коло. Ова значи дека тимот на Микел Артета ќе се соочи со Вилјареал, каде што тренер е човекот кој Артета го замени на клупата на „топчиите“, Унаи Емери.
Манчестер јунајтед, пак, повторно со гол на Единсон Кавани, стигнаа до 2:0 победа над Гранада, откако во првиот меч славеа со 2:0. Тие ќе играат со Рома, која во најнеизвесниот меч, одигра 1:1 со Ајакс, за да им биде доволен триумфот од првиот меч.
ЛИГА ЕВРОПА, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ
Манчестер јунајтед – Гранада 2:0, прв меч 2:0, вкупно 4:0
Славија Прага – Арсенал 0:4, прв меч 1:1, вкупно 1:4
Вилјареал – Динамо Загреб 2:1, прв меч 1:0, вкупно 3:1
Рома – Ајакс 1:1, прв меч 2:1, вкупно 3:2
ПОЛУФИНАЛЕ
Манчестер јунајтед – Рома
Вилјареал – Арсенал