Ливерпул најверојатно нема да може да сметаат на Фабињо овој викенд, откако сопругата на Бразилецот, Ребека Тавареш на социјалните мрежи потврди дека неговиот татко, Жоао Роберто починал.
„Татко, секогаш ќе бидеш запаметен со таа насмевка и страста за работите на божјето царство. Благодарам на Господа на привилегијата што те познавав. Твоите внуце ќе знаат каков прекрасен дедо имаа. Ќе се грижам за твојот син“, напиша Тавареш.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп реагираше на вестите.
„Се работи за лична работа. Фаб е тука и прави што може, а сите сме тука за него. Ќе му дадеме љубов и топлина“, изјави Клоп.
Morning y’all.
For those who are asking on Instagram …. Fabinho’s father has passed. He will be missed. pic.twitter.com/xUmof1AQLZ— Rebeca Tavares (@reebecatavares) August 20, 2021