Трент Александер-Арнолд решил да го продолжи својот престој во Ливерпул со нов долгогодишен договор до 2025 година, на неколку недели пред стартот на новата сезона.
22-годишниот десен бек, кој е произлезен од академијата на клубот од „Енфилд“, стана клучен човек во тимот на Јирген Клоп од 2016 година, помагајќи да се освои Лигата на шампионите и Премиер лигата. Според „Тајмс“, англискиот репрезентативец ќе стане меѓу најплатените фудбалери на Ливерпул со четиригодишното продолжување на договорот.
„Почестен сум што добивам шанса и доверба од мојот клуб, и воопшто не размислував дали да продолжам. Ливерпул секогаш е добра опција за мене. Сигурен сум дека ќе останам и повеќе од овој договор. Ова е единствениот клуб кој го знам и тој е дел од моето семејство“, изјави Александер-Арнолд.
Бекот има 179 настапи со својот клуб, иако последната сезона не му беше најдобра по повредата која ја доби пред Европското првенство.
Ready for some boss Friday news? ?@TrentAA has signed a new long-term contract with the Reds ?
— Liverpool FC (@LFC) July 30, 2021