„Лисиците“ и „ѓаволите“ го поделија пленот на „Кинг Пауер“

„Лисиците“ и „ѓаволите“ го поделија пленот на „Кинг Пауер“

пред 3 години

Лестер Сити и Манчестер Јунајтед одиграа нерешено 2-2 во првиот натпревар на „Боксинг деј“ во рамки на 15 коло во Премиерлигата.

Во интересен натпревар на двапати „ѓаволите“ на Оле Гунар Солскјер имаа водство, а пулените на Роџерс израмнуваа.
Јунајтед поведе во 23 минута, стрелец на погодокот беше Рашфорд, асистент Фернандеш.

Сепак, домашните брзо се вратија во игра. По само 8 минута со одличен удар на Барнс, Лестер стигнува до 1-1.
Во второто полувреме иницијативата беше на страната на „лисиците“. Сепак, нововлезениот Кавани му асистираше на Бруно Фернандеш во 79 минута за гостинско водство 1-2.

Но, кратко траеше радоста на тимот од Манчестер. Џејмс Варди по асистенција на Перез во 85 минута носи конечни 2-2, со помош на дефанзивецот на Јунајтед Туанзебе од чија нога топката се одби во мрежата на Де Хеа.

Засега, Јунајтед останува на третата, а Лестер на втората позиција на табелата зад лидерот Ливерпул.

Share
Scroll to Top