Личниот тренер на Манџукиќ: Со ваков играч не сум работел досега!

Личниот тренер на Манџукиќ: Со ваков играч не сум работел досега!

пред 4 години

Лука Милановиќ, личниот фитнес тренер на новото засилување на Милан, Марио Манџукиќ во разговор за италијански „Tuttosport“ открива во каква форма се наоѓа хрватскиот интернационалец.

За потсетување, популарниот Манџо последниот меч го одигра во март минатата година, а со оглед дека има 34 години „росонерите“ се загрижени каква е неговата форма и кога тој ќе биде подготвен за тренинг и натпревар во полна форма.

„Марио ме повика пред 5 месеци. Оттогаш интензивно работиме. Тоа што го познавам ми помогна да направам успешна програма која е прилагодена за него. Секој ден работиме на издржливоста со персонализирани вежби, но работевме и вежби со топка. Благодарение на неговата одлучност, се е полесно. Силата и кондицијата се уште му се на високо ниво, подготвен е да тренира со тимот“ изјави Милановиќ.

Фитнес-тренерот смета дека малку ќе му треба да се вклопи во целината.

„Работам со спортисти веќе 20 години и ваков играч немам видено. Тој е сигурно во топ 3 играчи со кои сум работел. За 2-3 недели ќе е 100% подготвен за настап“ – рече тој.

Инаку, Манџукиќ се врати во Серија А откако пред повеќе од 1 година го напушти Јувентус и потпиша за катарски Ал-Духаил. Таму не се снајде, па набрзо стана слободен играч.

Пред Јуве, има настапувано за Атлетико (М), Баерн (М) и Волфсбург, а сега ќе е опција во нападот на Милан предводен од Златан Ибрахимовиќ.

Share
Scroll to Top