Ловрен бесен на тренинг на „коцкастите“: Вакви нема што да бараме против Чешка!

Ловрен бесен на тренинг на „коцкастите“: Вакви нема што да бараме против Чешка!

пред 3 години

Било бурно на првиот тренинг на фудбалската репрезентација на Хрватска по стартниот пораз од Англија (1-0) на ЕП. Хрватите во петок ги чека дуел од второто коло против Чешка која со 2-0 славеше против домаќинот Шкотска на „Хемпден парк“.

Искусниот дефанзивец Дејан Ловрен првиот меч го пропушти поради повреда. На првиот тренинг по неуспехот против „Гордиот албион“ фудбалерот на Зенит беше бесен на соиграчите поради слабото залагање.

„Што е ова? Ако сега не сме вистински, што ќе биде во петок? Нема да бидеме добри ниту на мечот, ајде појако! Вакви нема што да бараме против Чесите“ викал Ловрен.

И на прес-конференција Ловрен рече дека во продолжение на првенството Хрватска ќе биде на тежок испит.

„Нема да биде едноставно, но ако бидеме вистински, нема да има проблеми. Чесите сега се во предност, имаат 3 бода, имаат самодоверба, оваа победа им даде крила. Ние мора да сме претпазливи и да ги чекаме нашите шанси. Чесите се силни при прекини, тоа го покажаа, пред се во скокот, имаат високи играчи. Ние имаме други играчи, кои уживаат во поседот на топката“ изјави Ловрен.

Share
Scroll to Top