Лондонско дерби на „Боксинг деј“, Арсенал се надева на пресврт на сезоната

Лондонско дерби на „Боксинг деј“, Арсенал се надева на пресврт на сезоната

пред 3 години

Фудбалерите на Арсенал денеска од 18.30 часот на својот стадион со императивот победа го дочекуваат градскиот ривал, Челси – дерби на „Боксинг деј“.

На избраниците на Микел Артета во моментов не им се пишува добро во Премиерлигата оваа сезона, ништо не функционира според планираното, одбраната е трагична.

И нападот не делува ништо подобро. Капитенот Обамејанг кој е под знак прашалник за овој дуел не е ефикасен како минатата сезона, а Пепе и Лаказет се далеку од нивото на кое беа минатата сезона.

За разлика од „топчиите“, Челси со Лампард воспостави систем кој функционира. Искусниот Тијаго Силва командува со одбраната, тимот изгледа воиграно, а сопственикот Роман Абрамович има големи надежи.

Се очекува интересен дуел –Арсенал во потера по победа за враќање во сезоната, а Челси во пробив кон првите 4 позиции на табелата.

Share
Scroll to Top