Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Џовани Ло Селсо е веќе во Шпанија, каде што ќе треба да ги помине медицинските тестови пред повторно да потпише договор за позајмица со Вилјареал, овојпат со опција за купување.
Аргентинецот беше еден од четирите фудбалери кои Антонио Конте ги „исфрли“ од првиот тим и им порача да си бараат нов клуб, покрај Серхи Регуилон, Танги Ндомбеле и Хери Винкс.
26-годишниот Ло Селсо веќе имаше успешна позајмица со „жолтата подморница“ лани, стигнувајќи до полуфиналето на Лигата на шампиони, но се сметаше дека шпанскиот клуб нема доволно средства за договорот. За Ло Селсо беше заинтересирана и Фиорентина.