Луди квалификации во Канада – Ферстапен прв, Хулкенберг втор

Луди квалификации во Канада – Ферстапен прв, Хулкенберг втор

пред 11 месеци

Актуелниот светски првак Макс Ферстапен ја освои пол-позиција пред утрешната трка за Големата награда на Канада. Холанѓанецот ја освои петата пол-позиција оваа сеозона, 25. во кариерата и на вечната листа го мина Алан Прост.

Квалификациите ги обележа силниот дожд кој на крајот го одреди поредокот на стартот за утрешната трка.

Најголеми „жртви“ на дождот беа претендентите за висок пласман Шарл Леклер и Серхио Перез. Леклер заврши на 11., а Перез на 12.место.

Решавачката сесија започна со дожд, кој потоа дополнително се засили. Пјастри нарави грешка, удри во ѕидот поради што беше истакнато црвено знаме. Пред да бидат прекинатаи квалификациите Ферстапен и Нико Хулкенберг го комплетираа својот круг.

Потоа условите стануваа се полоши, поради што првите двајца остана на своите позициии.

Зад нив трката ќе ја започнат Алонсо, Хамилтон, Расел, Окон, Норис, Саинц, Пјастри и Албон.

Трката за големата Големата награда на Канада утре ќе започне во 20 часот.

Share
Scroll to Top