Лудница во Баку, Леклер ја освои пол-позицијата

Лудница во Баку, Леклер ја освои пол-позицијата

пред 3 години

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ја освои пол-позицијата во пресрет на утрешната трка за Големата награда на Азербејџан. За возачот од Монте Карло ова е втора пол-позиција по ред, вкупно деветта во кариерата.

Квалификациите на патеката во Баку донесоа многу возбудувања. Вкупно пет инцденти се случија во 15 кривина.

Третата сесија беше прекината на 20 секунди до крајот, откако еден по друг своите болиди ги уништија Јуки Цунода од Алфа Таури и Карлос Саинц од Ферари.

Најбрзиот круг го извозе Лекелр (1.41.218), Луис Хамилтон задоцни за 232 илјадити делови од секундата. Вториот ред го формираа Макс Ферстапен од Ред Бул и Пјер Гасли од Алфа Таури.

Зад нив се Саинц чии болид е уништен и прашање е дали ќе стартува во трката и Ландо Норис, кој се наоѓа под истрага, бидејќи во втората сесија го игнорираше црвеното знаме.

Во првите десет пласман изборија Серхио Перез од Ред Бул, Јуки Цунода од Алфа Таури, Фернандо Алонсо од Алпин и Валтери Ботас од Мерцедес.

Share
Scroll to Top