„Лудница“ во Турската Суперлига – Бешикташ и Галата со ист број на поени, Фенер се „самоуништи“!

„Лудница“ во Турската Суперлига – Бешикташ и Галата со ист број на поени, Фенер се „самоуништи“!

пред 4 години

Бешикташ доживеа изненадувачки домашен пораз од Карагумрук од 1:2 и пропушти практично да ја осигура турската титула, која сега ќе се одлучува во последното коло на шампионатот, кога Гозтепе на македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ може да ги сопре Бешикташ и да им ја подари титулата на Галатасарај.

Карагумрук водеше преку Бертолачи во 39. минута, пред Гезал да израмни за Бешикташ во 54. минута и иако гостите играа со играч помалку од 77. минута, стигнаа до изненадувачка победа преку Фабио Борини во 80. минута.

Овој „кикс“ го искористи Галатасарај кој со 4:1 го совлад Денизлиспор и се израмни со по 81 поени со Бешикташ на врвот на табепата. Бешикташ, сепак, е во подобра ситуација, бидејќи има подобар меѓусебен скор со Галата, и во последното коло со сигурна победа над Гозтепе станува шампион, додека Галата против Малатијаспор ќе очекува кикс на градските ривали.

Третиот истанбулски гигант, Фенербахче, пропушти да ја искористи ситуацијата и загуби дома од Сиваспор со 2:1. Со евентуална победа, тие ќе станеа лидери во Турција пред последното коло против Кајсериспор.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top