Лукаку со својот 60. гол за Белгија ги „урна“ Хрватите

Лукаку со својот 60. гол за Белгија ги „урна“ Хрватите

пред 3 години

Белгија го „положи“ и најтешкиот тест пред стартот на ЕУРО 2020, откако на „Крал Бадуин“ во Брисел ги совладаа светските вицешампиони Хрватска со 1:0.

Човек на одлука беше фантастичниот Ромелу Лукаку, кој го постигна единствениот гол на мечот во 38. минута, што беше негов 60. гол во дресот на „црвените ѓаволи“ на само 28 години. Лукаку имаше уште една фантастична шанса, но Доминик Ливаковиќ имаше фантастична одбрана.

Белгија на ЕУРО 2020 е во група со Данска, Русија и дебитантот Финска, додека Хрватите се во група со Англија, Чешка и Шкотска.

Share
Scroll to Top