Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, конечно, проговори за неговиот конфликт со поранешниот соиграч Златан Ибрахимовиќ, објаснувајќи дека Швеѓанецот сака да победува „за самиот себе“, додека тој е фокусиран на успехот на тимот.
Двајцата напаѓачи беа соиграчи во Манчестер јунајтед, а на овогодишниот меч од Копа Италија имаа бурен судир, разменувајќи си навреди и добивајќи казна потоа. Златан потоа доби црвен картон, а Интер победи со 2:1, а по освојувањето на титулата од Серија А Лукаку се прогласи за „Крал на Милано“ во очигледна изјава наменета за Ибрахимовиќ. Сега, во интервју за „Кориере дело спорт“, тој го објаснува конфликтот.
„Губевме 1:0, утнав една шанса и бев малку лут. Неговите зборови ме удрија. Не сум задоволен од мојата реакција, но не дозволувам некој да се игра со мене. Ибрахимовиќ е голем фудбалер, освои многу работи во клубовите во кои беше, постигнувајќи над 500 гола. Имав добри односи со него во Манчестер јунајтед, но сега ни се потребни вакви играчи во Серија А. Тој сака да победува за себе, додека јас сакам да победувам за Интер, а Кристијано Роналдо сака да победува за Јувентус“, вели Лукаку.