„Лука е како Џордан, Леброн, Коби…“

„Лука е како Џордан, Леброн, Коби…“

пред 4 години

Лука Дончиќ одигра спектакуларен натпревар за Далас против Бостон. Словенецот во последните 15 секунди постигна две тројки, втората со звукот на сирената и му овозможи на тимот победа 110:107.

Тренерот на Далас Рик Карлајл, не можеше да остане имун на ваквото издание на најдобриот играч што го има во тимот.

„Луѓето како Дончиќ, Леброн, Џордан, Лери Бирд, Коби Брајант имаат неверојатен фокус во такви ситуации. Не може да се објасни како работи нивниот ум. Кај последниот напад знаевме дека топката ќе оди во рацете на Лука бидејќи немавме тај-аут. Направи работи од кои ви застанува здивот“, рекол Карлајл.

Дончиќ натпреварот го заврши со 31 поен, 10 скока и осум асистенции.

Share
Scroll to Top