ЛШ: Макаби со пресврт против Звезда, Бенфика сигурна против Динамо Киев

ЛШ: Макаби со пресврт против Звезда, Бенфика сигурна против Динамо Киев

пред 2 години

Португалскиот гигант Бенфика е на чекор пред пласман во Лигата на шампионите, откако во првиот меч од баражот стигнаа до 0:2 победа над украинскиот Динамо Киев, додека Црвена звезда пропушти водство во Израел, за да го очекува реваншот против Макаби Хаифа со 3:2 негатива. Азербејџанскиот Карабаг и чешка Викторија Плзењ одиграа реми без голови во првиот денешен меч.

Жилберто ги донесе Бенфика во водство по 9. минути игра, за Гонсало Рамос во 37. минута да го удвои водството на Бенфика за мирен реванш.

Во Израел беше многу понеизвесно. Францди Пјеро ги донесе Макаби во водство во 18. минута, но тимот на Дејан Станковиќ одговори фуриозно – Александар Пешиќ израмни во 27. минута, за во 40. минута Гелор Канга да ги замолчи домашните навивачи за водство на Звезда од 1:2. Сепак, само што почна второто полувреме, во 51. минута, Пјеро со вториот гол израмни, за десет минути подоцна Тјарон Чери да го комплетира пресвртот за 3:2.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, 1.МЕЧ
Карабаг (Азе) – Викторија Плзењ (Чеш) 0:0
Динамо Киев (Укр) – Бенфика (Пор) 0:2
Макаби Хаифа (Изр) – Црвена звезда (Срб) 3:2

Share
Scroll to Top