ЛШ: ПСЖ покажа заби, Порто со драматична победа над Флензбург

ЛШ: ПСЖ покажа заби, Порто со драматична победа над Флензбург

пред 3 години

Пари Сен-Жермен ја забележа првата победа во новата сезона во ЕХФ Лигата на шампиони, откако целосно доминираше против романскиот шампион Динамо Букурешт стигнувајќи до фантастична 41:30 (21:11) победа, додека Флензбург пропушти водство од два гола во последните минути за да загуби со 28:27 на гости кај Порто.

По поразот од Веспрем во првото коло, на тимот на Раул Гонзалес му беше потребна победа над аутсајдерот Динамо за кревање на самодовербата. „Светците“ почнаа бргу, со предност од 21:11 на полувремето, обезбедувајќи ја победата уште во првите 30 минути. Феран Соле беше најефикасен со шест гола, по пет имаа Ремили и Сипржак, додека поранешниот вардарец, Даинис Криштопанс заврши со четири гола.

Далеку поинтересно беше во Порто, каде што тимот на Никола Митревски имаше одлично прво полувреме и 13:12 водство против бундеслигашот Флензбург, кои потоа направија пресврт во второто полувреме и на две минути до крајот имаа предност од два гола (27:25), но на крајот го загубија мечот со 28:27.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО, ГРУПА Б

Пари Сен-Жермен – Динамо Букурешт 41:30 (21:11)

Порто – Флензбург 28:27 (13:12)

Барселона – Мотор 36:25 (16:13)

Кјелце – Веспрем 32:29 (17:12)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top