Интер остана со теоретски шанси за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако во возбудлив меч со 3:2 ја победи Борусија Менхенгладбах на гости за уште повеќе да ја искомпликува ситуацијата во групата Б, каде што сите четири екипи се со свои сметки пред последното коло. Борусија останува прва со 8 поени, Шахтјор и Реал Мадрид имаат по 7 (со Шахтјор со подобар директен резултат) и Интер е четврти со 5 поени. Во последното коло Реал гостува кај Менхенгладбах, додека Интер го пречекува Шахтјор, така што се можни многу комбинации. Матео Дармијан ги донесе „нераѕурите“ во водство уште во 17-тата минута најавувајќи дека тимот на Антонио Конте оди на победа, но Аласан Пле успеа да израмни пред крајот на полувремето. Ромелу Лукаку, уште еднаш се покажа како клучен играч за клубот од Милано, постигнувајќи два гола во 64. и 73. минута, пред Пле во 76. минута да намали на 2:3. Пле успеа да постигне уште еден гол, но ВАР системот овојпат беше на страна на „нераѕурите“. Додека Интер го покажа најдоброто, истото не може да се каже за нивните италијански ривали, Аталанта, кои спасуваа 1:1 реми со данскиот дебитант Митјиланд една недела откако победија на „Енфилд“ против Ливерпул (0:2). Ливерпул, овојпат не дозволи грешка и со 1:0 ги совлада Ајакс за да го осигура првото место и да ги остави Ајакс и Аталанта во последното коло да решаваат кој е вториот патник. Атлетико Мадрид, пак, не успеа да ги победи европските шампиони Баерн Минхен одигрувајќи 1:1, за во последното коло на гостување кај Салцбург да го одлучат вториот патник. ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО ГРУПА А Локомотив Москва – Ред бул Салцбург 1:3 Атлетико Мадрид – Баерн Минхен 1:1 Табела : 1. Баерн М . 13, 2.Атлетико М. 6, 3.Салцбург 4., 4.Локомотив М. 3 ГРУПА Б Шахтјор Доњецк – Реал Мадрид 2:0 Борусија Менхенгладбах – Интер 2:3 Табела : 1.Менхенгладбах 8, 2.Шахтјор 7, 3.Реал М. 7, 4.Интер 5 ГРУПА Ц Порто – Манчестер сити 0:0 Марсеј – Олимпијакос 2:1 Табела : 1. Манчестер С. 13, 2. Порто 10, 3.Олимпијакос 3, 4.Марсеј 3 ГРУПА Д Ливерпул – Ајакс 1:0 Аталанта – Митјиланд 1:1 Табела : 1. Ливерпул 12, 2.Аталанта 8, 3.Ајакс 7, 4.Митјиланд 1 БОРУСИЈА М – ИНТЕР ЛИВЕРПУЛ – АЈАКС АТЛЕТИКО М – БАЕРН М
ЛШ: Храбриот Интер остана во „живот“, Ливерпул преку Ајакс до осминафинале
пред 4 години