Маестрална тактичка победа на Хамилтон во Шпанија, Ферстапен и Ред бул потфрлија

Маестрална тактичка победа на Хамилтон во Шпанија, Ферстапен и Ред бул потфрлија

пред 3 години

Луис Хамилтон можеби го загуби првото место на стартот на Шпанското ГП на патеката Каталуња покрај Барселона, но на крајот неговиот Мерцедес направи фантастична тактичка одлука за тој да го победи Макс Ферстапен во Ред бул и да најави дека нема лесно да се откаже од потерата по осмата светска титула.

Хамилтон стартуваше како прв откако вчера ја забележа јубилејната 100. пол-позиција, но Ферстапен со храбар потег на првата кривина успеа да го помине Британецот, и потоа да ја заддржи позицијата. Но, додека Хамилтон и Мерцедес се решија на стратегија со две влегувања во боксот, во Ред бул одеа на ризик, оставајќи го Ферстапен како прв долго време на патеката. На крајот на шест круга пред крајот, откако прво ја „изеде“ предноста на Ред бул, Хамилтон лесно го помина Ферстапен, кој потоа влезе во боксот за да го постави најбрзиот круг за дополнителен поен. Хамилтон сега има 94 поени, додека Ферстапен е втор со 80 по само четири трки.

Последното место на подиумот го оствари Валтери Ботас, додека Шарл Леклер покажа дека Ферари го имаат третиот најбрз болид во моментов со четвртото место пред вториот возач на Ред бул, Серхио Перез. Даниел Рикардо ја имаше најдобрата трка оваа сезона за Мекларен со шестото место пред Карлос Саинс Јуниор (Ферари) Лендо Норис (Мекларен), Естебан Окон (Алипне) и Пјер Гасли (Алфа Таури) во поени. Поранешните светски шампиони пак имаа катастрофален резултат – Кими Раиконен беше 12. пред Себастијан Фетел, додека Фернандо Алонсо беше 17-ти, само пред возачите на Хас.

Share
Scroll to Top