Маикон со 40 години се уште активен, ќе игра во Сан Марино

Маикон со 40 години се уште активен, ќе игра во Сан Марино

пред 3 години

Легендарниот бразилски фудбалер Даглас Маикон (40) и понатаму е активен на фудбалските терени. Моментно е член на бразилскиот четвртолигаш Соне, а наскоро би можел да направи трансфер во Европа.

Маикон е близу до потпис ос аматерскиот клуб Тре Пене од Сан Марино. Се работи за шампионот на оваа мала земја, а легендарниот десен бек би дошол за да помогне во квалификациите за Лигата на шампионите. Најпрво би одиграл два квалификациски меча.

Маикон во кариерата играше за Крузеиро, Монако, Интер, Манчестер Сити, Рома, Аваи, Цирициуми и Вила Нова. За „кариоките“ има 76 настапи со 7 постигнати голови.

Со „Нероазурите“ беше од 2006 до 2012 година и освои 11 трофеи, а беше и еден од најдобрите десни бекови во светот.

Share
Scroll to Top