Македонецот Шортс го однесе Париз до трофејот во Еврокупот

Македонецот Шортс го однесе Париз до трофејот во Еврокупот

пред 7 месеци

Кошаркарите на Париз го освоија Еврокупот, само шест години откако овој клуб беше основан во главниот град на Франција.

Париз по победата на свој паркет го совлада и тимот на Бург и на гости со 89:81 и со тоа стигна до трофејот кој воедно им носи пласман во Евролигата.

Зад овој тим е неверојатна сезона, а јасно беше дека ќе постигнат голем успех по групната фаза во која имаа скор 17-1.

Потоа Париз го победи Хувентуд во четвртфиналето, а потоа Лондон Лајонс со 2-0 во победи во полуфиналето.

Париз не знае пораз од крајот на јануари, а одлично се држи и во францускиот шампионат каде се наоѓа на второто место, зад Монако.

До победата против Бург вечерва беа предводени од Ти Џеј Шортс, кој забележа 22 поени, шест скока и пет асистенции.

Американецот со македонски пасош, кој е МВП на сезоната во Еврокупот, поддршка доби од Микаел Јантунен со 15 и Надир Хифи со 14 поени.

Кај Бург најефикасен беше Ајзеа Мајк со 16 поени и шест скока. Џереми Морган постигна 14 поени, а Бодијан Маса постигна 12 поени.

Share
Scroll to Top