Македонија од четвртиот „шешир“ ги чека противниците за пласман на СП

Македонија од четвртиот „шешир“ ги чека противниците за пласман на СП

пред 3 години

Завршувањето на натпреварите во Лигата на нации го одреди составот на „шеширите“, за европските квалификации, за пласман на Светското првенство во Каатар. Групите ќе бидат извлечени на 7.декември, а квалификациите ќе започнат во март наредната година.

Најголем губитник е селекцијата на Босна и Херцеговина, која со поразот од Италија, испадна од третиот во четвртиот „шешир“. Од овој „шешир“ противниците ќе ги чека и Македонија.

Во четвртиот „шешир“ уште се и Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Белорусија, Израел, Грузија и Луксембург.

Состав на „шеширите“:

1. Белгија, Данска, Франција, Англија, Португалија, Италија, Шпанија, Хрватска, Германија, Холандија

2. Швајцарија, Полска, Шведска, Велс, Австрија, Украина, Турција, Србија, Словачка, Романија

3. Русија, Република Ирска, Норвешка, Унгарија, Чешка, Шкотска, Исланд, Северна Ирска, Финска, Грција

4. БиХ, Словенија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Бугарија, Белорусија, Израел, Грузија, Луксембург

5. Ерменија, Кипар, Фарски острови, Азербејџан, Естонија, Косово, Казахстан, Литванија, Латвија, Андора

6. Молдавија, Малта, Лихтенштајн, Гибралтар, Сан Марино

Фото/FFM.mk

Share
Scroll to Top