Македонија Ѓорче Петров, ќе се сретне со ЦСКА Софија во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Првиот меч „лавовите“ ќе го играат на гостински терен, а реваншот во Скопје. Вака одлучи денешниот ждреб во Нион.
Шкендија и Академија Пандев ќе мораат да ја минат првата рунда, а ги дознаа и можните ривали за втората квалификациска рунда од ова натпреварување.
Шкендија ако го елиминира ерменскиот Арарат, во второто коло ќе се сретне со Валмиера од Литванија и ќе биде гостин на првиот натпревар.
Академија Пандев доколку успее да го елиминира тимот на Лехија Гдањск, во следното коло ќе игра против австрискиот клуб Рапид Виена. Во првиот меч исто така ќе гостува.