Македонските репрезентативци ќе добијат по 10.000 евра од Владата

Македонските репрезентативци ќе добијат по 10.000 евра од Владата

пред 4 години

Владата донесе одлука да ги награди македонските фудбалски репрезенативци со по 10.000 евра, соопшти премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи.

„Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство“, стои во изјавата на Заев.

Честитки до репрезентативците упатија и претседателот Стево Пендаровски, како и лидерот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Share
Scroll to Top