Макс Ферстапен се честеше „авионче“ купено од Ричард Бренсон

Макс Ферстапен се честеше „авионче“ купено од Ричард Бренсон

пред 4 години

Возачите во Формула 1 шампионатот заработуваат сосема добро, така што не чуди фактот што асот на Ред бул рејсинг, Макс Ферстапен се реши на купување на приватен авион.

Ферстапен досега патуваше на Ф1 трките со помош на приватниот авион на поранешниот возач на Ред бул, Дејвид Култард, но холандскиот авио клуб „Мик Хај“, откри дека возачот си купил Falcon-900EX приватен авион од основачот на „Вирџин групацијата“, Ричард Бренсон.

Проценката е дека зделката вреди над 10 милиони евра, а постои и можноста тој да врати дел од парите преку изнајмување на авионот, бидејќи трошоците се поголеми кога авионот само седи во хангар.

Share
Scroll to Top