Малдини: Милан не се сомневаше во квалитетите на Пиоли

Малдини: Милан не се сомневаше во квалитетите на Пиоли

пред 3 години

Техничкиот директор на калчолигашот Милан – легендата на клубот Паоло Малдини се осврна на влезот на екипата во Лигата на шампионите во последното коло од сезоната.

„Не мислам дека некој може да каже дека не сме заслужиле таков резултат. Особено гледајќи го начинот на кој се боревме цела сезона. Ние сме најмладиот тим во највисоката дивизија на Италија. Играчите и тренерите завршија неверојатна работа. Никогаш не се сомневавме во квалитетите на Пиоли. Да не заборавиме од каде започнавме – загубивме со резултат 0:5 во Бергамо, каде синоќа победивме“ – изјави Паоло Малдини.

Синоќа „Росонерите“ не оставија ништо на случајноста, па со 2-0 во Бергамо ја совладаа Аталанта и како второпласирани на табелата ја завршија сезоната.

Покрај Милан, во ЛШ идната сезона ќе играат и шампионот Интер, но третопласираната Аталанта и четвртиот на табелата – Јувентус.

Share
Scroll to Top