Малдини потврди дека Милан го сакаат Тован

Малдини потврди дека Милан го сакаат Тован

пред 3 години

Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини признава дека фудбалерот од средниот ред на Марсеј, Флоријан Тован е „интересна цел“ во јануарскиот преоден рок, посебно од „економска гледна точка“.

„Росонерите“ подолго време се поврзувани со 27-годишниото крило, кое постигна три гола и имаше 5 асистенции во Лига 1 оваа сезона, посебно бидејќи неговиот договор завршува во јуни 2021 и засега тој ги одбива преговорите за продолжување на престојот на „Велодром“.

„Тој е фудбалер кој е блиску до крајот на својот договор, така што ќе биде интересен фудбалер од економска гледна точка. Се работи за фудбалер на високо ниво, иако има 27 години, и во споредба со тие кои ги донесовме последните две години е постар. Но, секогаш е потребен микс на млади и поискусни фудбалери. Ќе ја следиме ситуацијата“, изјави Малдини за францускиот „Телефут“.

Share
Scroll to Top