Мамиќ: Знаев дека ќе го извлечеме Краснодар

Мамиќ: Знаев дека ќе го извлечеме Краснодар

пред 3 години

Динамо Загреб за пласман во осмина-финалето, во Лига Европа, ќе се бори против Краснодар. Рускиот тим сезоната ја започна во Лигата на шампионите, во конкуренција на Челси, Севилја и рен го освои третото место во групата.

Динамо, заврши на првото место во својата група во Лига Европа. Во конкуренција на Волфзбергер, Феенорд и ЦСКА Москва, екипата чии е капитен Аријан Адеми, постави нов европски рекорд. Голманот Ливаковиќ не прими гол 527 мкнути.

Тренерот на „модрите“, Зоран Мамиќ, пред ждрепката бил сигурен дека за противник ќе го добијат Краснодар.

„Им кажав на играчите дека ќе го добиеме Краснодар. Не е лошо за нас. Беа трети во Лигата на шампионите, мораме да ги почитуваме. Динамо може и мора да биде подобар од она што беше во групата. Во Русија на табелата води ЦСКА, но мислам дека Краснодар играат подобар фудбал. Крснодар има повеќе опции во играта, мислам дека можат да бидат многу опасни“, рекол Мамиќ.

Првиот натпревар во Русија ќе се одигра на 18.февруари наредата година, а реваншот во Загреб е закажан за 25.февруари.

Share
Scroll to Top