Три клуба ќе се „тркаат“ за потписот на Ериксен

Три клуба ќе се „тркаат“ за потписот на Ериксен

пред 3 години

Кристијан Ериксен ги брои последните денови во Интер. Данецот не успеа да се наметне, ниту да се вклопи во формацијата на Антонио Конте, повеќе нема трпени е да се бори за место во тимот, поради што и самиот го најави заминувањето.

„Тутоспорт“, тврди дека интерес за фудбалерот за чии ангажман пред една година, Интер издвои 20 милиони евра, покажале три клуба.

Според овој извор Данецот во своите редови го сакаат ПСЖ, Баерн и Арсенал.

Интер ја одредиле цената за Ериксен, таа изнесува 30 милиони евра. Интересно е што заинтересираните клубови нудат фудбалери за размена, а не пари.

ПСЖ биле подготвени да го испратат на „Џузепе Меаца“, Аргентинецот Леандро Паредс, Баерн го понудиле Корентан Толисо, кој се поврзуваше со Интер во изминатиот преоден рок, а Арсенал за размена го понудиле Гранит Џака.

Share
Scroll to Top