Со Покетино во ПСЖ доаѓа и Ериксен?

Со Покетино во ПСЖ доаѓа и Ериксен?

пред 3 години

ПСЖ наскоро треба да го промовира Маурисо Покетино во нов тренер, а италијанските медиуми тврдат дека заедно со него во Париз ќе пристигне и Кристијан Ериксен од Интер. Ериксен најдобриот фудбал во кариерата го играше в Тотенхем, кога тренер му беше Покетино.

Ероиксен во јануари за 20 милиони евра, пристигна во Интер како големо засилување. Очекувањата не ги оправда, поради што тој се наоѓа на трансфер-листата. Медиумите шпекулираат дека Интер и ПСЖ ќе разменат фудбалери, за Ериксен тимот од Милано ќе го добие Леандро Паредес.

Ериксен има 28 години, кариерата ја започна во Ајакс, во 2010 година, а во Тотенхем играше од 2013 до почетокот на оваа година.

Share
Scroll to Top