„Мамузите“ му го продолжија договорот на Келдон Џонсон

„Мамузите“ му го продолжија договорот на Келдон Џонсон

пред 2 години

Келдон Џонсон го продолжи договорот со Сан Антонио Спарс. Франшизата од Тексас го избра Џонсон од 29.позиција на драфтот во 2019 година. Џонсон е поранешен студент на Универзитетот Кентаки.

Според Шамс Чаранија, Келдон Џонсон потпиша четиригодишен договор, во наведениот период ќе заработи 80.000.000.

Во сезоната зад нас, Џонсон имаше просек од 17 поени, 6 скока и 2 асистенции при 46% шут од поле и 39% реализација во шутот за три поени.

Share
Scroll to Top