Мане ја откри големата тајна: Бев пред трансфер во Манчестер Јунајтед

Мане ја откри големата тајна: Бев пред трансфер во Манчестер Јунајтед

пред 3 години

Садио Мане е на пресвртница во кариерата, бидејќи Баерн Минхен цврсто реши да го доведе, а од друга страна, Ливерпул не сака да ја надмине границата околу финансиските приходи на Сенегалецот.

dobivaj vesti na viber

Германските медиуми најавуваат дека преселбата во Баерн би била логичен чекор за 30-годишниот африкански фудбалер кој летото 2016 година од Саутемптон се пресели во Ливерпул.

Мане одигра извонредно во сезоната 2015/2016, втора во дресот на „светците“, а амбициозниот Манчестер Јунајтед сакаше да го доведе, но крилниот напаѓач сепак се реши за Ливерпул.

„Бев многу блиску до Јунајтед. Договорот веќе го имав подготвен и условите постигнати. Се беше подготвено, но наместо тоа, пресеков и решив да се преселам во Ливерпул. Бев убеден во проектот на Клоп“, изјави Мане во интервју за британски „Телеграф“.