Меси дебитираше за ПСЖ во меч во кој дури и противничките навивачи го скандираа неговото име

Меси дебитираше за ПСЖ во меч во кој дури и противничките навивачи го скандираа неговото име

пред 3 години

Лионел Меси го имаше своето официјално деби за тимот на Пари Сен-Жермен, и неговото влегување во игра во 66. минута од мечот, кога резултатот беше 0:2 по двата гола на Килијан Мбапе беше проследено со неверојатно скандирање на негово име од противничките навивачи на Ремс.

Мечот веќе беше одлучен, откако Мбапе постигна два одлични гола во 16. и 64. минута од мечот, кога Маурисио Почетино реши да го внесе во игра Меси на местото на неговиот добар пријател Нејмар, кога се случија овие неверојатни сцени на стадионот „Огаст Делон“.

Иако до крајот на мечот немаше голови, победата е четврта во низа на стартот на шампионатот за Пари Сен-Жермен, со која со максимални 12 поени се на врвот на табелата пред изненадувањето Анжер со 10 поени и Клермон со 8 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top