Манчестер сити го земаат талентот на Партизан, Стевановиќ

Манчестер сити го земаат талентот на Партизан, Стевановиќ

пред 3 години

Манчестер сити се подготвени во јануари да го реализираат трансферот на талентот на српски Партизан, Филип Стевановиќ, јавува весникот „Манчестер ивнинг њуз“.

18-годишното крило се смета за еден од најталентираните српски фудбалери, и „граѓаните“ би платиле дури 6 милиони фунти за неговиот трансфер, откако тој беше поврзуван со повеќе европски клубови во текот на летото, вклучувајќи го и градскиот ривал на Сити, Манчестер јунајтед.

Стевановиќ ја игра веќе третата професионална сезона и најверојатно би останал во Партизан до крајот на сезоната 2020/21.

Share
Scroll to Top